Тркалезна маса “Подигнување на прашањето за ракот на дојката” со Д-р. Ерни Бодаи

This post is also available in: English

Период на одржување: 20.05.2008 почеток во 14 часот
Локација: Домот на Армијата, Скопје
Амбасада на САД во Македонија
Македонско женско лоби
Борка- Здружение за борба против рак
Д-р. Ерние Бодаи е роден во Будимпешта во 1951 година. Тој и неговото семејство живееле во засолниште скоро една година пред да успеат да побегнат за време на Унгарската револуција во 1957. Следи емигрирање во САД. Д-р. Бодаи дипломирал и магистрирал на Универзитетот Калифорнија, Лос Анѓелес. На универзитетот Калифорнија во 1977 година се здобил со звање доктор по медицина. И денес работи на истиот универзитет како Професор по Клиничка хирургија.

Д-р. Бодаи работел 15 години како шеф на хирургија во Кеисер Перманенте, Сакраменто, од каде и денес раководи со Центарот за рак на дојка сместен во Кеисер Перманенте, Сакраменто познат како национален “ Центар на Одличните”. Д-р. Бодаи е автор на повеке од 250 медицински трудови, автор е на 5 книги од кои 4 ја обработуваат тематиката на ракот. Сопственик е на повеќе медицински патенти, член е на голем број хируршки здруженија и добитник е на голем број награди. Членува во повеќе управни одбори во повеќе компании вклучувајки ја и Сонтек Медицал, Б и Б медицал, Лив Интернационал и Нуттрацеа.

По третирање на илјадници пациенти со рак на дојките, дошол на заклучок дека фондовите наменети за истражување на ракот на дојките не се доволни и пристапил на активност лобирање човек на човек за да го убеди Конгресот и Поштата на САД да издадат поштенска марка за истражување на ракот на дојката која е единствена марка во САД која се продавала повеќе отоколку што вредела (45 центи). Вредноста над цената на марката била донирана за истражувањето. Биле продадени преку 800 милиони поштенски марки и била собрана сума над 60 милиони долари, клучни во истражувањето на ракот на дојката.

Во моментот Д-р. Бодаи ја промовира првата “глобална поштенска марка” за подигнување на свесноста за борбата против ракот. Досега 12 земји веке работат на овој проект во кој надежта е дека во блиска иднина за оваа болест ќе се најде лек.