Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

На секое трето место ќе биде кандидат од помалку застапениот пол

МЖЛ лобираше за прифаќање на амандманот за членот 64 став 5 од изборниот законик, кој беше поднесен од Клубот на Пратенички Лобирачки активности за амандманот на членот 64 став (5) кој го предложи Клубот на парламентарките и гласи “на секое трето место ќе биде кандидат од помалку застапениот пол” се заменуваат со зборовите “ на секои три места на листата најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол”

МЖЛ лобираше за прифаќање на амандманот за членот 64 став 5 од изборниот законик ,кој беше поднесен од Клубот на Пратенички. Беа испратени е-маил-ови до сите парламентарни партии, со кои се укажуваше за потребата на исполнување на квотата од 30% на која и беше и препораките на 34 седница на CEDAW. Беа остварени лични контакти со сите парламентарци и водачи на политички партии на кои им се укажа истото.

Да ве потсетиме дека квотите не се само “позитивна дискриминација” туку дека квотите се компензација за историски направената неправда кон жените.
Сакаме да ве потсетиме и на пофалбите кон Република Македонија поради инкорпорирањето на квотите за жените во своите изборни закони, а со тоа и промената на политичките интереси кои жените ги донесоа на политичката сцена. Но, сакаме и да Ве потсетиме на обврските на потпишаната Конвенција против сите форми на дискриминација врз жената при Обиденетите нации кои се повикуваат на правата на жените вклучувајќи го и балансираното учество на жените и мажите во општествениот живот па само ќе ја цитираме препораката на Комитетот:
“Комитетот го пофали воведувањето на 30% квота за секој пол во Законот за избор на членови на Парламентот и Законот за локални избори , но сепак Комитетот забележува со грижа дека овој амандман не ги даде посакуваните резултати затоа што жените продолжија да бидат во подредена положба во изборните тела. Комитетот е исто така загрижен за подреденоста на жените во назначените тела и на меѓународно ниво”.

“Комитетот препорачува дека државата членка треба да спроведе кампања за подигнување на свеста на мажите и жените за важноста за женското учество во политичкиот и јавниот живот и структурите на одлучување и дека создава овластувачки, охрабрувачки и поддржувачки услови за поддршка за ваквата партиципација. Комитеот исто така препорачува дека одредени чекори треба да се преземат за да се реализира целосно 30% квота воведена во Законот за избор на пратеници во Парламентот и Законот за локални избори. Комитетот ја охрабрува државата членка да ги зголеми своите напори со цел да се зголеми присуството на жените во изборните и назначените тела и на меѓународно ниво.”

Ова писмо за подршка на измена на членот 64 став 5 кој го проследи Клубот на парламентарки, беше испратено од Македонското женско лоби до сите парламентарни партии во електронска и пишана форма, беа стварени контакти со координаторите на пратеничките групи, што резултираше со конечно изгласување на амандманот.
Измената само по себе не донесе квота поголема од 30% но донесе правична застапеност на жените на листите.

Од донесувањето на квотата од 30% за помалце застапениот пол, се увиде дека партиите без исклучок манипулираа со бројот на жените тако што 30% од помалце застапениот пол во горната и долната половина ги ставаа на дното на листата. Со тоа тие ја исполнуваа законската норма но во практика бројот на помалце застапениот пол не изнесуваше 30%.

Со овој амандман се регулираше бројот на жените кои на листата се на секое трето место, гарантира дека во првата половина на листата на партијата ќе има точно 30 % застапеност. За разлика од досега кога на листите децималните, законски се заокружуваа на помалиот број пр. Од 8 на листа 30% иснесуваат 2.4 а се заокружуваше на 2. Со тоа помалце застапениот пол имаше загуба.

Со оваа измена на веќе донесена законска мерка беше голема победа на правичноста за застапување на жените во парламентот на кое Македонското женско лоби многу се гордее.