Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Јавни слушања

This post is also available in: English

Тема 1: “До каде сме во борба против семејното насилство”
Датум 19.09.2008
Место на одржување : Собрание на РМ
Организатори : Македонско женско лоби
Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ

Тема 2: “Европски практики и програми за превенција од семејното насилство”
Датум : 22.10.2008
Место : Собрание на РМ
Организатори : Македонско женско лоби
Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ

Повеќе:
Jавната расправа ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Комисијата, госпоѓа Лилјана Поповска, која имаше воведен збор за темата на вториот дел на јавната расправа “Подобрување на механизмите за борба против семејното насилство”, посветена на европските практики и програми за превенција од семејното насилство, преку кои подиректно ќе се увидат проблемите кои произлегуваат од семејното насилство и што би требало да се менува во законската регулатива за да се третира оваа проблематика според европските стандарди.

Во периодот пред одржувањето на оваа јавна расправа Комисијата за еднакви можности на жените и мажите оствари активности на терен, во кои беа опфатени посети на прифатилиштето на жртви на семејното насилство во Чичино село и на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, при што покрај членовите на Комисијата, во посетите се вклучија и амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Симоне Филипини и високиот преставник од Обединетите нации од Канцеларијата на УНИЦЕФ за Македонија, господин Јет.

Вакви посети ќе се практикуваат и во иднина, со цел да се согледаат потребите на жртвите на семејното насилство, но и на социјалните работници кои директно се вклучени во справувањето со овие проблеми. Во оваа насока, во Програмата за оваа јавна расправа се вклучени излагања на Народниот правобранител на Република Македонија господин Иџет Мемети и Омбудсманот на Шпанија господинот Фернандо Гарсија Винсенте.

Донатор: Институции на ООН во РМ ; Собрание на РМ и Хуманитарна асосцијација “Надеж”-Австралија која финансиски ја поддржа Канцеларијата на МЖЛ во организирање на настаните.

Тема 3: “Заштита на децата од семејно насилство”
Датум : 10.12.2008
Место : Собрание на РМ
Организатори : Македонско женско лоби
Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ
Светска здравствена организација , Канцеларија Скопје

Повеќе:
Јавната расправа беше организирана од Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка со канцелариите на ООН и на Македонското женско лоби.
На Јавната расправа беа поканети и присуствуваа членови и заменици на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Клубот на жени парламентарки, претставници на министерствата за: труд и социјална политика, здравство, правда и внатрешни работи, Државниот завод за статистика, Канцеларијата на јавниот правобранител, експерти, невладини организации кои работат на прашањата од семејното насилство и медиуми.

На расправата присуствуваа и претставници на дипломатски претставништва и меѓународни организации кои имаат седиште во Република Македонија. Јавната расправа се одвиваше според следниов Дневен ред

Отворање и вовед:

• Г-ѓа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените
• Г-ѓа Мариа Луиза Силва Мехијас, Постојан координатор на ООН и Постојан претставник на УНДП
• Поздравен говор на Н.Е. Симоне Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија во Р. Македонија
• Поздравен говор на г-дин Душко Миновски, Државен секретар во Министерството за труд и социјална политика
• Презентација на стручен извештај, г-ѓа Мирјана Докмановиќ, меѓународен експерт
• Дискусија на учесниците

Донатор: Институции на ООН во РМ ; Собрание на РМ и Хуманитарна асосцијација “Надеж”-Австралија која финансиски ја поддржа Канцеларијата на МЖЛ во организирање на настанит