Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Извештај од одржани работилници во рамки на кампања “Надмудри го ракот – биди здрава жена”

This post is also available in: English

Период на одржување: 24.10.2008
Собрание на РМ, Здравствен дом на Скопје и Клубот на жени парламентарки

 

Министерството за здравство во соработка со Македонското женско лоби, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на РМ , Здравстен дом на Скопје-Скопје , и Клубот на жени парламентарки на 24.10.2008 ја започна Кампањата “ Надмудри го ракот-биди здрава жена”.

Целта на кампањата е подигање на свеста кај жената за рана дијагностика на ракот на дојката како и превентивни гинеколошки прегледи со ПАП тест. Во реализација на Кампањата беа вклучени голем број на НВО, членки на Македонското женско лоби како и останати НВО кои работат на женското здравје , но и останати женски невладини организации кои и дадоа целосна поддршка на кампањата.

Во рамки на Кампањата се организираа 50 едукативни работилници во руралните средини на РМ, но и во неколку урбани средини на кои еминентни стручњаци говореа за потребата од подигање на свеста кај жените за редовни превентивни прегледи сe со цел за рано откривање на малигните заболувања.

Со работилниците беа опфатени жени од различни националности ; Македонки, Албанки, Турчинки, Македонки муслиманки, Ромки, жени осигурани и неосигурани, жени од различни профили и со различна позадина.

Кампањата побуди голем интерес кај жените и околу 7000-8000 жени директни учеснички , и 16.000 жени индиректно по препорака и пишан материјал на учесничките. Медиумски беа покриени голем број од работилниците, а во мултиетничките средини беа присутни медиумите и на двата јазика, исто така и во печатените медиуми се објавени повеќе натписи.

Теми на кои експертите зборуваа на работилниците се следниве:
1. Улогата на ПАП тестот во заштита од цервикалниот карцином- гинеколог
2. Рана дијагностика и терапија на ракот на дојката- рендгенолог/радиолог
3. Презентација на брошура за ПАП тест и брошура за дојка – од страна на Здравствен дом на Скопје.

Жените покажаа голем интерес за темите и беа поставувани голем број прашања , на секоја работилница после предавањето се разви дискусија.

Прашања кои најчесто беа поставувани : 1.Дали може да се направи грешка при дијагностицирање на ПАП тестот? До колку год. треба да се прават соодветни контроли? За вакцинација за ХПВ вирус? Кога и на колкав временски период треба д а се прави мамографија?Дали овие болести се наследни?Дали абортусите носат ризик од овие болести?Дали се практикува психолошка поддршка на жените заболени од рак?Зашто нема психолози меѓу онколозите?

Во рамки на Кампањата, Заводот за здравствена заштита –Скопје, за потребите на кампањата отпечати брошури за Пап тест и брошури за дојка на сите јазици , кои во голема мерка покрај едукативните предавања помогнаа жените да се запознаат со проблематиката.

Во пресрет излегоа и преставниците од локаланата самоуправа и градоначалниците , како и локалните комисии за еднакви можности и здравствените домови низ Републиката кои што во многу места обезбедија простор за непречено одвивање на едукативните работилници и дадоа целосна поддршка на Кампањата.

Потребно е да се нагласи дека сe уште треба да се работи на едукација и подигање на свеста посебно кај жените од руралните средини и маргианлизираните групи на жени , дека тие имаат големи проблеми со стереотипите како преферирање на жена гинеколог која би ги вршела бесплатните прегледи.

Исто така жените слушателки на работилниците посебно во источниот дел на Републиката како своја забелешка го наведоа фактот дека во одделни градови нема гинеколог и мамографски апарат , дека мора да се патува по 50-тина километри за преглед во другите градови. Покрај оваа забелешка како значајна забелешка е и фактот дека прегледите се закажуваат и по 2 па се до 5месеци подоцна , односно периодот на чекање за преглед е долг, а има случаи каде што не може да се чека.
Овие препораки се упатени со цел на подобрување на превентивното здравје по однос на оваа проблематика.

Во прилог имаме извештаи од терен, односно од локалните невладини организации кои во своето место ја имаат организирано работилницата, извештаите се дополнети и со фотографии од настанот, цд, двд , листи на присутните жени слушателки.