Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Европски практики и програми за превенција од семејното насилство

Одржано на 22.10.2008
Место на одржување: Собрание на РМ
Организатори: Македонско женско лоби, Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ, ООН

Јаваната расправа ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Комисијата, госпоѓа Лилјана Поповска, која имаше воведен збор за темата на вториот дел на јавната расправа “Подобрување на механизмите за борба против семејното насилство”, посветена на европските практики и програми за превенција од семејното насилство, преку кои подиректно ќе се увидат проблемите кои произлегуваат од семејното насилство и што би требало да се менува во законската регулатива за да се третира оваа проблематика според европските стандарди.


Во периодот пред одржувањето на оваа јавна расправа Комисијата за еднакви можности на жените и мажите оствари активности на терен, во кои беа опфатени посети на прифатилиштето на жртви на семејното насилство во Чичино село и на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, при што покрај членовите на Комисијата, во посетите се вклучија и амбасадорот на Кралството Холандија Н.Е. Симоне Филипини и високиот преставник од Обединетите нации од Канцеларијата на УНИЦЕФ за Македонија, господин Јет.

Вакви посети ќе се практикуваат и во иднина, со цел да се согледаат потребите на жртвите на семејното насилство, но и на социјалните работници кои директно се вклучени во справувањето со овие проблеми. Во оваа насока, во Програмата за оваа јавна расправа се вклучени излагања на Народниот правобранител на Република Македонија господин Иџет Мемети и Омбудсманот на Шпанија господинот Фернандо Гарсија Винсенте.

Донатор: Институции на ООН во РМ ; Собрание на РМ и Хуманитарна асосцијација “Надеж”-Австралија која финансиски ја поддржа Канцеларијата на МЖЛ во организирање на настаните.

Документ за преземање:
Целосен извештај 22.10.2008 (.pdf)