Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

До каде сме во борба против семејното насилство

Одржано на 19.09.2008
Место на одржување: Собрание на РМ
Организатори: Македонско женско лоби, Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ, ООН

Јавната расправа беше организирана од Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка со канцелариите на ООН и на Македонското женско лоби.
На Јавната расправа беа поканети и присуствуваа членови и заменици на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Клубот на жени парламентарки, претставници на министерствата за: труд и социјална политика, здравство, правда и внатрешни работи, Државниот завод за статистика, Канцеларијата на јавниот правобранител, експерти, невладини организации кои работат на прашањата од семејното насилство и медиуми.

На расправата присуствуваа и претставници на дипломатски претставништва и меѓународни организации кои имаат седиште во Република Македонија. Јавната расправа се одвиваше според следниов Дневен ред

Отворање и вовед:

• Г-ѓа Лилјана Поповска, Претседател на Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените
• Г-ѓа Мариа Луиза Силва Мехијас, Постојан координатор на ООН и Постојан претставник на УНДП
• Поздравен говор на Н.Е. Симоне Филипини, Амбасадор на Кралството Холандија во Р. Македонија
• Поздравен говор на г-дин Душко Миновски, Државен секретар во Министерството за труд и социјална политика
• Презентација на стручен извештај, г-ѓа Мирјана Докмановиќ, меѓународен експерт
• Дискусија на учесниците

Донатор: Институции на ООН во РМ ; Собрание на РМ и Хуманитарна асосцијација “Надеж”-Австралија која финансиски ја поддржа Канцеларијата на МЖЛ во организирање на настаните

Документ за преземање:
Целосен извештај 19.09.2008 (.pdf)