Поддршка на Кампањата на Европското женско лоби против насилството врз жената и семејното насилство

Настанот  се одржа на 04.12.2013 со почеток во 11,00 часот во хотел Бест Вестерн и на него се даде осврт на проблемот на насилството врз жените, семејното насилство и останати форми на родово базирано насилство, како и на предизвиците во процесот на ратификација на Истанбулската конвенција.

Настанот е дел од  16-те дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство (25 ноември-10 декември) во чии рамки Европското женско лоби во соработка со Обсерваторијата за насилство врз жените и со поддршка на Советот на Европа и Министерството за надворешни работи на Финска го спроведува проектот Дејствувај против силувањето! Искористи ја Истанбулската конвенција! во 33 земји во Европа преку националните организации членки на мрежата на ЕЖЛ.

Целта е да се промовира потпишувањето, ратификацијата и имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) и истовремено да с е промовира најновиот Барометар за силување 2013 во кој се дадени националните анализи за состојбите со овој феномен во 28 земји -членки на ЕУ, како и во земјите кандидатки.

agenda MWL makFinalIMGP0178IMGP0185IMGP0185

IMGP0165

IMGP0170Barometar prevod

inforamcii za pecat

Јас имам право да бидам заштитена

Проект во партнерство со Националниот Совет за родова рамноправност на РМ

 

Цел на проектот :  подобрување на квалитетот на правната помош и услугите на жртвите на семејно насилство

Очекувани резултати –подобрен пристап до праваната помош и услугите од страна на жртвите

Улогата на Македонското Женско Лоби  одговорно за евалуација на процесот за воспоставување на Локално координативно тело и промовирање на правната помош во пилот-општините

Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство 2

Проект во партнерство со Националниот Совет за родова рамноправност на РМ во 2010 година

Цел на проектот –зајакнување на локалните механизми за борба против семејното насилство преку интервенции и активности фокусирани на заедницата со превентивни алатки

Очекувани резултати – да се воспостави локално координативно тело во пилот-општината Кривогаштани

  • зајакнување на капацитетите за ефективно и унифицирано функционирање на локалното кординативно тело
  • зголемена свест на граѓаните на локално ниво з апостоење на проблемот

Улога на Македонското женско лоби во проектот: вклученост во процесот на лобирање за воспоставување на локално координативно тело во работната програма на општината како и за годишен буџет на ЛКТ

Дејствувај и влијај ефективно врз семејното насилство

Проекти во партнерство со Националниот Совет за родова рамноправност  на РМ: “Дејствувај и влијај ефективно врз семејното насилство”-во 2009 година

Цели на проектот: подобрување на ефективноста на механизмите за борба против семејното насилство и воспоставување на модел на соработка помеѓу релевантни локални субјекти. [Read more...]

Стоп на насилството вклучувајќи го и насилството врз младите

Име на проектот :

“Стоп на насилството вклучувајќи го и насилството врз младите”

Период на спроведување: јуни-декември 2011

Цели:

Општа цел

Формирање на координативен систем на помеѓу институцијална соработка за препознавање, реагирање и решавање на проблемите на насилството, вклучувајќи го семејното насилство кај младите и жените. [Read more...]

Јавни слушања

Тема 1: “До каде сме во борба против семејното насилство”

Датум 19.09.2008

Место на одржување : Собрание на РМ

Организатори : Македонско женско лоби

Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ

ООН

Тема 2: “Европски практики и програми за превенција од семејното насилство”

Датум : 22.10.2008

Место : Собрание на РМ

Организатори : Македонско женско лоби

Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ

ООН

[Read more...]

Цел: Донесување на Декларација за семејно насилство

Основа – Претставници на Македонското женско лоби заедно со Комисијата за родова еднаквост во Парламентот на Република Македонија по серија на заеднички состаноци предложија Декларација за борба против насилството врз жените која вклучуваше посебен дел со посебен осврт на борбата против семејното насилство врз жените која подоцна беше доставена и предложена до Парламентот и едногласно усвоена од страна на Парламентот на РМ. [Read more...]

Амандман за семејно насилство

Амандман за поддршка на програмите за семејно насилство од кој 2% се издвојуваат  од игрите за среќа и одат во посебен фонд за борба против семејно насилство. Амандманот беше усвоен од страна на Собранието на РМ на 24.04.2007 год.

Амандман

Амандман за поддршка на програмите за семејно насилство од кој 2% се издвојуваат  од игрите за среќа и одат во посебен фонд за борба против семејно насилство. Амандманот беше усвоен од страна на Собранието на РМ на 24.04.2007 год.

16 дена борба против семејното насилство

Кампања:  16 дена борба против семејното насилство

Период на спроведување ноември 2008 година

Одржани се 16 трибини во 16 различни општини на територијата на РМ во рамките на “16 дена борба против семејното насилство “кој се одбележува во светски рамки. [Read more...]