Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Средба со претставнички на политички партии

 

По повод проектот ”Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” организиран од Македонското женско лоби, а финансиран од Британската амбасада се организираш средба со претставничките на политичките партии со цел размена на информации за следните настани и предизвици во хотел Мериот- Скопје на 14.09.2016.2 3 8 6 10 13 16

Прирачник за лидерки во локалната самоуправа

Priracnik_liderkipriracnik

Семинар Стоп за насилството над жените во политиката

Во рамките на проектот“Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” Македонското женско лоби  со финансиска поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во  Македонија организираше еднодневен семинар ”Стоп за насилството над жените во политиката” на кој се  дебатираше за ненасилна комуникација кон жените во политиката. Семинарот се одржа на 27-ми мај во хотел Холидеј Ин. Во рамки на истиот во три панели се даде осврт на важноста на темата/ проблематиката , се презентираше Водичот за резолуцијата 1325 за жени , мир и безбедност отпечатен на три јазика , исто така се даде осврт на  5-те принципи за унапредување на меѓупартискиот дијалог помеѓу женските секции во партиите договорени помеѓу политичките партии на семинарот одржан во 2015 година во Струга. На последниот панел Како да се справиме со говорот на омраза, сексизам, потсмевање и дискриминација во медиумите, претставничките од политичките партии споделија лични искуства поврзани со сексизмот во политиката и во медиумите. Целта на семинарот беше отворено да се зборува за присутниот сексизам и говор на омраза врз жените политичарки. На семинарот присуствуваа 70 претставнички од 15 политички партии во земјата.hin1hin342016-05-27-88310 IMGP0807

Професионалец или продукциска компанија за изработка на играни видео приказни

Професионалец или продукциска компанија за изработка на играни видео приказни
Период: 5 јуни 2015– 22 јуни 2015

1. Проект:
Ние сме идни лидерки и агентки на промена во нашите заедници
“We are the future leaders and agents of change in our communities”

2. Цел на ангажманот: Универзитетот Евро-Балкан, Скопје треба да ангажира видео продукциска куќа или професионалец кој се занимава со снимање и изработка на видео материјали за потребите на проектот Ние сме идни лидерки и агентки на промена во нашите заедници, кој се спроведува во партнерство со Македонско женско лоби и со поддршка од UN Women.
Видео материјалот ќе се користи за промоција на резултатите од овој проект и ќе биде објавен на веб страната на проектот, на веб страната на Евро-Балкан и на Македонско женско лоби, на партнерите на проектот, на социјалните межи и ќе биде прикажуван на различни настани, конференции и сл.

3. Главни задачи:
• Во тесна соработка со Евро-Балкан да се развие сценарио на снимање. Изборот на локации, активности и ликови ќе биде водено од Евро-Балкан.
• Снимање со професионална опрема на локации надвор од Скопје
• Монтажа на материјалот, снимање на тон за нарација, титлување на албански и англиски.
• Да се понуди соодветна музика со право на користење
• Секоја приказна треба да трае помеѓу 1-5 минути, во зависност од потребите и од конкретното сценарио
• Да се следат насоките на Евро-Балкан за лого и шпица
• Сите произведени материјали и ексклузивните права врз овие материјали ќе бидат во сопственост на Евро-Балкан

4. Документација која треба да се достави:
• CV и портфолио, т.е референтна листа на изработка на слични видео продукти да се достават најдоцна до 5 јуни, 2015 година
• Финансиска понуда која ќе содржи:
- Цена на снимање по ден, за опрема и персонал
- Цена на монтажа по час/ден (аудио и видео)
- Фиксна цена за изработка на финален продукт – видео приказна во времетраење од 2 минути, со вклучена музика, титли, нарација итн. Цената треба да се заснова врз снимање на терен 1-2 дена и припреми за снимањето.

4. Критериуми за селекција:

Понудите ќе се оценуваат според техничкиот квалитет и понудената цена

Критериуми за оценка Бодови
1. Квалитет на техничката понуда и цена 60
2. Искуство и квалификации 20
3. Референци за слични проекти 20
Вкупно бодови 100

Документите може да се поднесат лично или на е-пошта на: contact@euba.edu.mk, најдоцна до 5 јуни.

За дополнителни информации, www.euba.edu.mk, www.inspiriraj.mk или на телефон (02) 3075570 (лок. 115). Лице за контакт м-р Игор Панев.

Барање за понуди за ХИС (2)

Промовирана брошура за работата на Комисијата за еднакви можности

Во брошурата се претставени сегашните состојби со жените во Република Македонија, граѓанскиот женски активизам, родовите квоти, работата на Клубот на жените пратенички, Македонското женско лоби. Две поглавја с е посветени на работата на КЕМ и законската рамка, како и на активностите и резултатите.

http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/KEMBroshura.pdf

 

Поддршка на Кампањата на Европското женско лоби против насилството врз жената и семејното насилство

Настанот  се одржа на 04.12.2013 со почеток во 11,00 часот во хотел Бест Вестерн и на него се даде осврт на проблемот на насилството врз жените, семејното насилство и останати форми на родово базирано насилство, како и на предизвиците во процесот на ратификација на Истанбулската конвенција.

Настанот е дел од  16-те дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство (25 ноември-10 декември) во чии рамки Европското женско лоби во соработка со Обсерваторијата за насилство врз жените и со поддршка на Советот на Европа и Министерството за надворешни работи на Финска го спроведува проектот Дејствувај против силувањето! Искористи ја Истанбулската конвенција! во 33 земји во Европа преку националните организации членки на мрежата на ЕЖЛ.

Целта е да се промовира потпишувањето, ратификацијата и имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) и истовремено да с е промовира најновиот Барометар за силување 2013 во кој се дадени националните анализи за состојбите со овој феномен во 28 земји -членки на ЕУ, како и во земјите кандидатки.

agenda MWL makFinalIMGP0178IMGP0185IMGP0185

IMGP0165

IMGP0170Barometar prevod

inforamcii za pecat

Постанете пријатели на Европското женско лоби

Европското женско лоби е најголемата чадор организација на женски организации во ЕУ како и во земјите кандидати за членство.Целта на ЕЖЛ е унапредување на правата на жените и постигнување на родова еднаквост.

Постанете пријател на Европското женско лоби и дадете свој придонес со цел активностите од огромно значење за еднаквите можности и правата на жените да продолжат и понатаму. Повеќе информации ќе најдете на следниот линк

http://womenlobby.org/s-impliquer/become-a-friend-of-the-ewl/?lang=en

Проект ” Ние сме идни лидери и застапувачи на промени во нашите заедници”

Име на проект ” Ние сме идни лидери и застапувачи на промени во нашите заедници”

Период на спроведување : 2013-2015

  • Проектот се спроведува од Македонско женско лоби,
  •  Катедра за родови студии на Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“
  • ДЕСИДЕ- Здружение за демократија, социјална вклученост и развој
  • НВО СИРМА
  • Парламентарна комисија за еднакви можности

Цели на проектот :

  • Да го поттикне политичкиот ангажман и кандидатурата  на жените  лидерки
  • Да ги зајакне нивните капацитети
  • Да го поддржи вклучувањето на жените во креирањето на локалните политики

 Активности

  • 17 обуки за јакнење на капацитетите
  • Поставување на интерактивна веб платформа
  • Програма за менторстово за избраните политичарки
  • Академија и национална програма за менторство
  • Трибини, Конференција, публикации, промотивни материјали

 Очекувани резултати

 1) Да се зголеми бројот на кандидирани жени во 85-те општини во земјата како и бројот на избрани жени за градоначалници и советници опремени со потребните лидерски вештини со цел да  придонесат во локалното одлучување;

2) Подобрена институционални / поволна средина што ќе го гарантира пристапот на жените до донесувањето на одлуки позиции во локалните самоуправи и

3) Подобрена состојба во поглед на  родова еднаквост на локално ниво преку партиципативно планирање на политиката и носење на родово свесни одлуки во процесите на одлучување на локално ниво

 

Донатор      

Фонд за родова еднаквост на Обединетите Нации.

Јас имам право да бидам заштитена

Проект во партнерство со Националниот Совет за родова рамноправност на РМ

 

Цел на проектот :  подобрување на квалитетот на правната помош и услугите на жртвите на семејно насилство

Очекувани резултати –подобрен пристап до праваната помош и услугите од страна на жртвите

Улогата на Македонското Женско Лоби  одговорно за евалуација на процесот за воспоставување на Локално координативно тело и промовирање на правната помош во пилот-општините

Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство 2

Проект во партнерство со Националниот Совет за родова рамноправност на РМ во 2010 година

Цел на проектот –зајакнување на локалните механизми за борба против семејното насилство преку интервенции и активности фокусирани на заедницата со превентивни алатки

Очекувани резултати – да се воспостави локално координативно тело во пилот-општината Кривогаштани

  • зајакнување на капацитетите за ефективно и унифицирано функционирање на локалното кординативно тело
  • зголемена свест на граѓаните на локално ниво з апостоење на проблемот

Улога на Македонското женско лоби во проектот: вклученост во процесот на лобирање за воспоставување на локално координативно тело во работната програма на општината како и за годишен буџет на ЛКТ