Семинар Стоп за насилството над жените во политиката

Во рамките на проектот“Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” Македонското женско лоби  со финансиска поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во  Македонија организираше еднодневен семинар ”Стоп за насилството над жените во политиката” на кој се  дебатираше за ненасилна комуникација кон жените во политиката. Семинарот се одржа на 27-ми мај во хотел Холидеј Ин. Во рамки на истиот во три панели се даде осврт на важноста на темата/ проблематиката , се презентираше Водичот за резолуцијата 1325 за жени , мир и безбедност отпечатен на три јазика , исто така се даде осврт на  5-те принципи за унапредување на меѓупартискиот дијалог помеѓу женските секции во партиите договорени помеѓу политичките партии на семинарот одржан во 2015 година во Струга. На последниот панел Како да се справиме со говорот на омраза, сексизам, потсмевање и дискриминација во медиумите, претставничките од политичките партии споделија лични искуства поврзани со сексизмот во политиката и во медиумите. Целта на семинарот беше отворено да се зборува за присутниот сексизам и говор на омраза врз жените политичарки. На семинарот присуствуваа 70 претставнички од 15 политички партии во земјата.hin1hin342016-05-27-88310 IMGP0807

Тркалезна маса Рамноправна родова застапеност во донесувањето одлуки

12049103_803641143080073_4593435113947702443_n 

Рамноправна родова застапеност во донесување на одлуки
Хотел Арка- 30/09/2015 

Еден од принципите договорени на тродневниот семинар одржан во јули 10-12 2015 во Струга  со претставничките на политичките партии и претседателките на женските секции во партиите каде се говореше за премостување на политичката криза беше Негување на придобивката од квотите и нивно унапредување-внатрепартиско и институционално за која цел се организаираше и  тркалезната маса “Рамноправна родова застапеност во донесување на одлуки”.

Воведно обраќање имаа Даниела Димитриевска, извршна директорка на Македонското женско лоби

Луиза Винтон, координатор на ООН и постојан претставник на УНДП во Скопје истакна дека е
е охрабрувачки да се види дека постои консензус меѓу партиите, и покрај актуелната поларизација, која постои во моментот. Постоење на консензус на политичките партии во оваа ситуација е важно за постигнување на заедничките приоритети на политичките партии.  50-50 треба да биде нашата цел, но и 40% е одлична бројка и ја имате поддршката од нашите тела и институции.

10:30   Сесија 1: Каде сме: Правни механизми за родова еднаквост
Силвана Бонева, пратеничка  во Собранието на РМ

”Да се слушне гласот на жените и да бараат праведно општество кое припаѓа на сите подеднакво: и на мажите и на жените. Жените во политиката треба да си подадат рака, ако сакаме да успееме во нашите намери”.
Цветанка Иванова, поранешна пратеничка  на Собранието на РМ- Мислам дека оваа цел не е поставена од денес, не само во домашното законодавство, туку и во меѓународното. Oва прашање е веќе ставено во агенда и жените треба да вршат поголем притисок во своите партии.

Лилјана Поповска,  пратеничка  во Собранието на РМ:  Причини за повеќе жени во политика:
1. Правда
2. Повеќе идеи
3. Исполнување на целиот потенцијал во општеството.”
10:50   Сесија 2: Каде сме сега: влијанието на правните механизми во унапредување на родовата еднаквост
Елена Грозданова, Министерството за труд и социјална политика, државен советник за еднакви можности помеѓу жените и мажите , истакна дека воспоставените механизми за родова еднаквост фунцкионираат. Секој од нив на различен начин, но тие  функционираат. Секторот за еднакви можности се приклучува барем во оној дел каде што има надлежност во рамките на Министерството.

11:00  Сесија 3: Каде одиме?- Препораки за зајакнување на родовата застапеност во процесите на одлучување

Претставниците од сите политичките партии дадоа свое видовање за сегашната позиција и за идните напори и заложби кои треба да се направат со цел рамноправна застапеност на обата пола во процесите на одлучувањето.

Претставничката на ДУИ истакна дека Квотата од 30% ни помогна да дојдеме овде, но и со себе носиме одговорност да ја оправдаме оваа бројка.

 

arka 1arka 9arka 19arka 25arka 28

 

Семинар Жени лидерки за женска платформа

Македонското женско лоби во рамките на проектот ”Ние сме идни лидерки, носителки на промени во нашите заедници”, одржа семинар ”Жени лидерки за женска платформа” со цел јакнење на капацитетите на жените лидерки од политичките партии во Република Македонија. Семинарот се одржа во Струга од 10-12.07.2015 во хотел Изгрев со учество на 28 жени -учеснички од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДОМ и ЛП. Форумот на жени на ДПА ја поддржа вербално иницијативата , но не беше во можност да присуствува на семинарот. На семинарот се разговараше за поголемите можности за вклучување на жените во партиските програми и како истите треба да одговорат на потребите на граѓаните. Во исто време се говореше за зајакнување а женските органзиации во рамки на партиите како правно така и програмски преку нивно преземање на одоворностите за кандидатките кои ќе бидат претставени на изборите, но во исто време и програмата на партиите да биде базирана на родово сензитивни политики.
На семинарот присуствуваа и свои искуства споделија и постојаниот претставник на Обединетите нации во Македонија, г-ѓа.Лујза Винтон, г-ѓа.Камила Дуда Каветска од Делегацијата на ЕУ во РМ и г-ѓа.Сара Барбиери офицер за интеретнички односи од Мисијата на ОБСЕ
Како заклучок од семинарот се донесоа следните Принципи на зеднички интереси од страна на сите учеснички:

• Унапредување на меѓупартискиот дијалог помеѓу женските организации во партиите;
• Негување на придобивката од квотите и нивно унапредување – внатрепартиско и институционално;
• Финансиска независност за делување на организациите на жените во партиите;
• Здобивање и унапредување на релевантноста на женските организации во партиите преку застапување на интересите на жените од партиja и кон граѓаните;
• Зајакнување на солидарноста помеѓу женските организации во партиите за осуда на говорот на омраза насочен кон жените.

href=”http://mzl.org.mk/wp-content/uploads/2015/07/grupna-.jpg”>grupna
photo 2
photo3
photo 4
_MND0460

Работна конференција

”Проценка на резултатите и предизвиците од менторската програма за јакнење на жените во локалната самоуправа”
Се одржа во хотел „Александар Палас“, на 18-ти ноември 2014 и е интегрален дел на проектот „Ние сме жени лидерки и двигателки на промени во наштите заедници“, кој има за цел да придонесе за поголемо учество на жените во политиката и на местата од кои се донесуваат одлуки. Овој проект придонесува кон воспоставување и ефективно спроведување на родовите политики во единиците на локалната самоуправа.Во изминатиот период тимови од менторирани, ментори/ки, советници/чки работеа во 21 општина на 22 родово-сензитивни акции кои веќе се во фаза на изведба и даваат првични резултати.
На конференцијата се презентираа постигнатите резултати од спроведените менторски акции во 21 општина како и предизвиците и очекувањата од истите. Се претстави интернет платформата за споделување искуства и ресурси и алатките за истражување, начинот на регистрирање и следење на вебинарот.
Се работеше во 4 панели каде се разменија искуства, знаење и информации по однос на темите во панелите и се трасираа идните активности во 2015
Панел 1 Учеството на жените во општествениот живот и во донесувањето одлуки
Панел 2 Женското здравје и семејното насилство
Панел 3 Новите родово-чувствителни услуги што ги нудат оптините
Панел 4 Економско јакнење на жените
на крајот се донесоа заклучоците и препораките.
На конференцијата присуствуваа околу 100 учесници од 21 општина, градоначалниците на општина Теарце и Маврово-Ростуше, претседатели на Совети на општина Битола и општина Чашка, менторирани советници, членови на КЕМ, вработени во локалната администрација, ментори – сегашни и поранешни политичарки, експертки, претседателки на невладини организации и др.

10805556_639458106165045_7572152216226150573_n10801560_639422202835302_2605033136342447854_n10401460_639411966169659_1340599964502980978_n535939_639420029502186_6210485859495580538_n1510875_639441009500088_5220128817116483098_nРАБОТНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Конференција на тема “Демократија и родовата еднаквост”

Конференцијата имаше за цел да ги отвори прашањата поврзани со родовата рамноправност, како дел од современото демократско општество, имајќи ги предвид пречките и предизвиците со кои се соочуваат жените во остварувањето на еднаквите можности, со акцент на учеството на жените во политичките процеси и структурите на одлучување.
Настанот се организираше по повод 15-ти Септември, Меѓународниот ден на Демократијата.

Конференцијата се реализираше со поддршка на Обединетите нации, Националниот демократски институт, Фондација Конрад Аденауер, Фондација Фридрих Еберт, а во соработка со Клубот на жени пратенички и Женската Граѓанска Иницијатива Антико.

На конференцијата присуствуваа претставници на академската јавност, Владата, Собранието, граѓанскиот сектор и меѓународните институции.