Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Посета на пациентките по повод Неделата на борба против ракот

По повод Неделата на борба против ракот од 1 до 8 март  , Македонското женско лоби, Анти-канцер здружението Животна искра и Црвениот крст на град Скопје ги посетија пациентките/тите на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Клиниката за дигестивна хирургија и Клиниката за радиотерапија и онкологија. При посетата им беа врачени пригодни подароци едукативни брошури, цвеќе, хигиенски материјали, книги .


http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=35577

http://www.sitel.com.mk/mk/malignite-zaboluvanja-dobivaat-epidemiski-karakter

Посета на Универзитетската Клиника за онкологија по повод Меѓународната недела на борба против ракот од 01-08 март

 

Секоја година традиционално членките на Анти Канцер Здружението Животна искра, членка на мрежата на Македонскто женско лоби  ги посетуваат пациентките од малигни заболувања кои се лекуваат на Универзитетската клиника за онкологија и им подаруваат едукативни брошури, цвеќе и други подароци.

И оваа година како и неколку години наназад со членките на Животна искра беше и Македонското женско лоби со цел да се подигне свеста за нужноста од превенцијата, раната детекција и дијагностика како и современиот третман на малигните заболувања.

P1270209 (3) P1270210 (3)

Средба со г-ѓа Дороти Вестон Гибсон, директорка на фондацијата Rose од Тексас

Период на одржување: 29.10.2008
Локација: Собрание на РМ, Уставна сала
Амбасада на САД во Македонија
Македонско женско лоби
Борка- Здружение за борба против рак

 

Македонското женско лоби во Соработка со Амбасадата на САД во Р.Македонија, во месецот на борбата против ракот на дојката одржа средба со г-ѓа Дороти Вестон Гибонс, директорка на фондацијата “Росе” од Тексас.
Средбата се одржа на 29 .10.2008 во Собранието на Република Македонија во Уставна сала. [Read more...]

Извештај од одржани работилници во рамки на кампања “Надмудри го ракот – биди здрава жена”

Период на одржување: 24.10.2008
Собрание на РМ, Здравствен дом на Скопје и Клубот на жени парламентарки

 

Министерството за здравство во соработка со Македонското женско лоби, Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Собранието на РМ , Здравстен дом на Скопје-Скопје , и Клубот на жени парламентарки на 24.10.2008 ја започна Кампањата “ Надмудри го ракот-биди здрава жена”. [Read more...]

Официјален почеток на Кампањата “Надмудри го ракот – биди здрава жена”

Одржано на: 24.10.2008, 10.00 ч.
прес -конференција во Министерство за здравство
11.00ч. прегледи на ГАК
12.00ч. пригодна програма на плоштад “Македонија”

 

На официјалниот почеток на Кампањата присутни беа:

Амбасадорката на Кралството Холандија , како и пратеничките во Собранието на РМ со што се активира и почетокот на кампањата на терен.

На плоштадот “Македонија” беше одржана пригодна манифестација во 12.00ч. со присуство на голем број естадни ѕвезди -поддржувачи на Кампањата.

Тркалезна маса “Подигнување на прашањето за ракот на дојката” со Д-р. Ерни Бодаи

Период на одржување: 20.05.2008 почеток во 14 часот
Локација: Домот на Армијата, Скопје
Амбасада на САД во Македонија
Македонско женско лоби
Борка- Здружение за борба против рак
Д-р. Ерние Бодаи е роден во Будимпешта во 1951 година. Тој и неговото семејство живееле во засолниште скоро една година пред да успеат да побегнат за време на Унгарската револуција во 1957. Следи емигрирање во САД. Д-р. Бодаи дипломирал и магистрирал на Универзитетот Калифорнија, Лос Анѓелес. На универзитетот Калифорнија во 1977 година се здобил со звање доктор по медицина. И денес работи на истиот универзитет како Професор по Клиничка хирургија. [Read more...]

Јавна расправа за Кампањата “Надмудри го ракот – биди здрава жена”

Одржано на: 07.04.2008
Место на одржување : Собрание на РМ
Организатори : Македонско женско лоби, Комисија за родова еднаквост меѓу половите при Собрание на РМ; Министерство за здравство

Заклучоци: [Read more...]