Глобална кампања за запирање на насилството врз жените 14.02.2015

Глобалната кампања V Day која претставува најмасовно движење за запирање на насилство против жените и девојчињата има за цел да ја подигне јавната свест околу прашањата поврзани со најразлични форми на повреда на физичкиот и психички интегритет на жената.
Македонија традиционално зема учество и дава свој придонес преку организирање на креативни настани коишто се иницирани од страна на граѓанските организации кои ги почитуваат и заштитуваат женските човекови права.
Во рамки на кампањата на 14 Февруари се одржува симболичен танц во рамките на глобалното активистичко движење за запирање на насилството врз жените и девојчињата – V-Day.
V-Day е движечка сила за промовирање кретивни настани за подигање на јавната свест, прибирање на средства и оживување на духот на организациите кои се борат против насилство.

Затоа, придружете ни се, дојдете заедно да КРЕНЕМЕ РЕВОЛУЦИЈА, танцувајте со нас, и оставете лична порака зошто10514601_880772725277438_516297387348865727_n треба да му се стави крај на насилството врз жените и девојчињата.

Поддршка на Кампањата на Европското женско лоби против насилството врз жената и семејното насилство

Настанот  се одржа на 04.12.2013 со почеток во 11,00 часот во хотел Бест Вестерн и на него се даде осврт на проблемот на насилството врз жените, семејното насилство и останати форми на родово базирано насилство, како и на предизвиците во процесот на ратификација на Истанбулската конвенција.

Настанот е дел од  16-те дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство (25 ноември-10 декември) во чии рамки Европското женско лоби во соработка со Обсерваторијата за насилство врз жените и со поддршка на Советот на Европа и Министерството за надворешни работи на Финска го спроведува проектот Дејствувај против силувањето! Искористи ја Истанбулската конвенција! во 33 земји во Европа преку националните организации членки на мрежата на ЕЖЛ.

Целта е да се промовира потпишувањето, ратификацијата и имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) и истовремено да с е промовира најновиот Барометар за силување 2013 во кој се дадени националните анализи за состојбите со овој феномен во 28 земји -членки на ЕУ, како и во земјите кандидатки.

agenda MWL makFinalIMGP0178IMGP0185IMGP0185

IMGP0165

IMGP0170Barometar prevod

inforamcii za pecat

Заштита на децата од семејно насилство

Одржано на 10.12.2008
Место на одржување: Собрание на РМ
Организатори: Македонско женско лоби, Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ, Светска здравствена организација-канцеларија Скопје

16 дена борба против семејното насилство

Во рамките на 16-те дена борба против семејното насилство се одржаа 16 трибини на темата на борба против семејното насилство во 16 општини во РМ.
[Read more...]

Европски практики и програми за превенција од семејното насилство

Одржано на 22.10.2008
Место на одржување: Собрание на РМ
Организатори: Македонско женско лоби, Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ, ООН

Јаваната расправа ја отвори и со неа претседаваше претседателот на Комисијата, госпоѓа Лилјана Поповска, која имаше воведен збор за темата на вториот дел на јавната расправа “Подобрување на механизмите за борба против семејното насилство”, посветена на европските практики и програми за превенција од семејното насилство, преку кои подиректно ќе се увидат проблемите кои произлегуваат од семејното насилство и што би требало да се менува во законската регулатива за да се третира оваа проблематика според европските стандарди.

[Read more...]

До каде сме во борба против семејното насилство

Одржано на 19.09.2008
Место на одржување: Собрание на РМ
Организатори: Македонско женско лоби, Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ, ООН

Јавната расправа беше организирана од Комисијата за еднакви можности меѓу жените и мажите на Собранието на Република Македонија, во соработка со канцелариите на ООН и на Македонското женско лоби.
[Read more...]

Амандман за поддршка на програмите за семејно насилство

Амандман за поддршка на програмите за семејно насилство од кој 2% се издвојуваат од игрите за среќа и одат во посебен фонд за борба против семејно насилство. Амандманот беше усвоен од страна на Собранието на РМ на 24.04.2007 год. [Read more...]

Јавни слушања

Тема 1: “До каде сме во борба против семејното насилство”
Датум 19.09.2008
Место на одржување : Собрание на РМ
Организатори : Македонско женско лоби
Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ

Тема 2: “Европски практики и програми за превенција од семејното насилство”
Датум : 22.10.2008
Место : Собрание на РМ
Организатори : Македонско женско лоби
Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ [Read more...]

Работилница на тема: “Жените градат безбедност” базирана на презентација на книгата “Жените во несигурниот свет”

Место на одржување : Скопје, Собрание на РМ

датум: 27-28 март , 2007

Организатори :

  • Македонско женско лоби
  • Центар за демократска контрола на вооружени сили-Женева
  • Собрание на Република Македонија

Донатор:

Центар за демократска контрола на вооружени сили-Женева (DECAF) [Read more...]