Carryhealthy.com
Pharmshop.biz
Pharmausabuyonline.com
Ivantagehealth.net
ushealthworks.net
orderpharmaonline.com
implantologiadentalepisa.com
Pharmapillsdiscount.com
Lifestore24x7.com
Pharmashopbiz.com
buy generic levitra online
viagra buy online ireland
prednisone online paypal
viagra cialis order online
levitra with dapoxetine online
female viagra tablets online shopping in india
non prescription prednisone online
generic cialis viagra levitra online
levitra with dapoxetine online
female viagra tablets online shopping in india
non prescription prednisone online
generic cialis viagra levitra online

Работен состанок со претставници на институции и претставници на НВО секторот

 

Македонско женско лоби во соработка со Министерството за труд и социјална политика-Секторот за еднакви можности го одржа првиот работен состанок (од два предвидени) со релевантни институции и домашни и меѓународни невладини организации со цел  подготовка на активности за изработка на Националниот акциски план за имплементација на Резулицијата 1325 за Жени, мир и безбедност 2017-2020.  На состанокот се презентираа активностите спроведени од секоја од институциите во изминатиот период како и се дадоа препораки и насоки за идни активности.1 7 13 15

 

Семинар Јакнење на капацитетите за презентирање и лобирање на Резолуцијата 1325

Вториот дел од семинарот наменет за претставниците од 10-те локални самоуправи вклучени во проектот Зајакнување на жените и девојчињата за за зачувување на мирот и градење доверба се одржа на 11 и 12 ноември во хотел Александар Палас во Скопје. Целта на овој семинар беше да се зајакнат капацитетите на учесниците за лобирање и презентирање на резолуцијата во јавност, посебно во локалната самоуправа пред локалната заедница. Учесниците се информираа за тоа како да пристапат кон медиумите , како да ја промовираат својата работа и со техниките и алатките на процесот на лобирање за примена на резолуцијата на локално ниво. 11 12 13 14 site

Семинар Јакнење на капацитетите на претставниците на локалната самоуправа за имплементација на Резолуцијата 1325

Во рамки на проектот Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба, финанските поддржан од Британската амбасада во Скопје, на 21 и 22 октомври 2016 во хотел Александар Палас -Скопје, се одржа семинар на тема Јакнење на капацитетите на претставниците на локалната самоуправа за имплементација на Резолуцијата 1325. Присутни беа 20 претставници од 10 локални самоуправи во РМ. Учесниците се запознаа со Резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325 , Националниот акциски план за 1325 како и со интитуционалните резултати и предизвици по однос на резолуцијата. Целта беше да се потенцира важноста од применливоста на резолуцијата на локално ниво и да се сугерираат начини и предлози како наученото да се аплицира во локалните самоуправи. 1 2 3 4 5

 

 

 

Семинар Ревизија на Национален акциски план 2013-2015 и предизвици за во иднина

Во хотел Солун на 22 , 24 и 25 март 2016 год. се одржа семинар „Ревизија на Национален акциски план 2013-2015 и предизвици за во иднина“ со претставници од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Центарот за управување со кризи и претставници од локалните самоуправи односно координаторките за еднакви можности во локалните самоуправи Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Центар , Ѓорче Петров . Целта на семинарот беше да се запознаат учесниците со процесот на подготовка на НАП2013-2015 за Разолуцијата 1325 на Советот на ОН за жени, мир и безбедност како и да се запознаат со активностите на локално ниво во 10 општини во рамки на проектот ”Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба”. Предавачи во рамки на семинарот беа претставници од Министерството за труд и социјална политика кои ги запознаа присутните со институционалните резултати и предизвици по однос на еднаквите можности и унапредување на родовата рамноправност. Присутен беше и военото аташе во Британската амбасада во Скопје, г. Ричард Пери кој укажа на важноста од вакви проекти и од натамошно регионално делување за вклучување на жените во зачувување на мирот  и безбедноста.  1 perryaferdadrita2elena grozdanovapoliciaj 2straso2

Проект “Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба “

Македонското женско лоби финансиски подржано од Амбасадата на Обединетото Кралство во  Македонија спроведува проект “Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” кој има за цел да придонесе за развивање на свесноста  за заложбите на НАТО алијансата кон регионалнатата безбедност, градење на мирот и довербата при имплементирање на резолуцијата на ОН 1325. Овој проект има за цел да делува на три нивоа:

-Соработка со Mинистерството за одбрана на Република Македонија во изготвување на стратешки документ за имплементација наRрезолуцијата 1325 од ОН;

-Развивање на свесноста за важноста на Rезолуцијата 1325 во рамки на локалната самоуправа во 10  општини.

Локалната самоуправа има клучна улога во развивање на свесноста кај граѓаните по однос на прашањата од родовите , а во овој случај со запознавање со Резолуцијата за мир и  безбедност. Работилници за локална имплеменмтација на Резолуцијата ќе се одат во општините : Битола, Штип, Карпош, Чешиново-Облешево, Дебар, Тетово, Теарце, Маврово-Ростуше, Струмица, Велес.

-Организирање на јавна расправа во Собранието на Република Македонија за спроведувањето на резолуцијата 1325 како и за идните предизвици во понатамошното имплементирање.

 

Жените градат безбедност

Работилница на тема: “Жените градат безбедност” базирана на презентација на книгата “Жените во несигурниот свет”
Место на одржување : Скопје, Собрание на РМ
датум: 27-28 март 2007

Целта на работилницата е да се потврди улогата која жените ја имаат во градењето на безбедноста, посебно како парламентарки, како членки на безбедносните сили, и како членки на граѓанското општество. Зголемувањето на учеството на жените во политиката, вклучувањето на жените во зачувувањето на мирот и конфронтацијата на семејното насилство ќе бидат клучни теми на оваа конференција.

Теми на работилицата:
Сесија1 : Зголемување на политичкото учество на жените –сегашни предизвици и патот напред со посебен осврт на;
-зголемување на учеството на жените гласачи
-зголемување на учеството на жените во политиката

Сесија 2 : Семејно насилство

Сесија 3 : Учеството на жените во мировните операции

Резултат од работилницата:
Како резултат на дискусијата од работилицата се покрена иницијатива за нов амандман, односно амадман за поддршка на програмите за семејно насилство од кој 2% се издвојуваат од игрите за среќа и одат во посебен фонд за борба против семејно насилство. Амандманот беше усвоен од страна на Собранието на РМ на 24.04.2007 год.

Донатор: Центар за демократска контрола на вооружени сили-Женева (ДЕЦАФ)

ЗА КНИГАТА

Јавна презентација на книгата “Жените во несигурен свет” (27.03.2007)
Модератор: г-дин.Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за одбрана во Собранието на РМ

Говорници:
- г-дин. Љубиша Георгиевски , претседател на Собранието на Република Македонија
- Негова екселенција г-дин.Томас Фуглистер, амбасадор на Швајцарија во РМ
- г-ѓа. Даниела Димитриевска, извршна директорка на Канцеларијата на МЖЛ

“Жените во несигурен свет” дава увид во обемот и магнитудата на насилството кое жените го имаат искусено врз себе, во секојдневниот живот и за време на и по вооружениот конфликт и ги потенцира клучните улоги кои жените ги имаат во градењето на мирот и безбедноста. Резимето од книгата е преведено на македонски и албански јазик.

Активности поврзани со воената криза во земјата, март 2001

За време на воената криза во 2001 МЖЛ како мултиетничка и мултикултурна мрежа, беше целосно посветена на градењето на мировните активности како што се следниве:

• март 2001: Апел до Меѓународната заедница за поддршка на интегритетот и суверенитетот на земјата

• март-мај 2001: Илјада дијалози (серија на состаноци со отворени дискиусии на жешките воени прашања)

• јули 2001 Тркалезна маса : Дали сме подготвени за граѓанско општество (повеќе од 70 учесници , времетрање 5 часа)

• август 2001 ; Јавно обраќање за поддршка на процесот и активностите кои што водат кон мирот и интраетничката толеранција , по потпишувањето на Рамковниот договор

• септември 2001 ; мировен протест со транспаренти на главниот плоштад во Скопје , во соработка со ‘Жените во црно’.