Carryhealthy.com
Pharmshop.biz
Pharmausabuyonline.com
Ivantagehealth.net
ushealthworks.net
orderpharmaonline.com
implantologiadentalepisa.com
Pharmapillsdiscount.com
Lifestore24x7.com
Pharmashopbiz.com
buy generic levitra online
viagra buy online ireland
prednisone online paypal
viagra cialis order online
levitra with dapoxetine online
female viagra tablets online shopping in india
non prescription prednisone online
generic cialis viagra levitra online
levitra with dapoxetine online
female viagra tablets online shopping in india
non prescription prednisone online
generic cialis viagra levitra online

Работен состанок со претставници на институции и претставници на НВО секторот

 

Македонско женско лоби во соработка со Министерството за труд и социјална политика-Секторот за еднакви можности го одржа првиот работен состанок (од два предвидени) со релевантни институции и домашни и меѓународни невладини организации со цел  подготовка на активности за изработка на Националниот акциски план за имплементација на Резулицијата 1325 за Жени, мир и безбедност 2017-2020.  На состанокот се презентираа активностите спроведени од секоја од институциите во изминатиот период како и се дадоа препораки и насоки за идни активности.1 7 13 15

 

Семинар Јакнење на капацитетите за презентирање и лобирање на Резолуцијата 1325

Вториот дел од семинарот наменет за претставниците од 10-те локални самоуправи вклучени во проектот Зајакнување на жените и девојчињата за за зачувување на мирот и градење доверба се одржа на 11 и 12 ноември во хотел Александар Палас во Скопје. Целта на овој семинар беше да се зајакнат капацитетите на учесниците за лобирање и презентирање на резолуцијата во јавност, посебно во локалната самоуправа пред локалната заедница. Учесниците се информираа за тоа како да пристапат кон медиумите , како да ја промовираат својата работа и со техниките и алатките на процесот на лобирање за примена на резолуцијата на локално ниво. 11 12 13 14 site

Семинар Јакнење на капацитетите на претставниците на локалната самоуправа за имплементација на Резолуцијата 1325

Во рамки на проектот Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба, финанските поддржан од Британската амбасада во Скопје, на 21 и 22 октомври 2016 во хотел Александар Палас -Скопје, се одржа семинар на тема Јакнење на капацитетите на претставниците на локалната самоуправа за имплементација на Резолуцијата 1325. Присутни беа 20 претставници од 10 локални самоуправи во РМ. Учесниците се запознаа со Резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации 1325 , Националниот акциски план за 1325 како и со интитуционалните резултати и предизвици по однос на резолуцијата. Целта беше да се потенцира важноста од применливоста на резолуцијата на локално ниво и да се сугерираат начини и предлози како наученото да се аплицира во локалните самоуправи. 1 2 3 4 5

 

 

 

Средба со претставнички на политички партии

 

По повод проектот ”Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” организиран од Македонското женско лоби, а финансиран од Британската амбасада се организираш средба со претставничките на политичките партии со цел размена на информации за следните настани и предизвици во хотел Мериот- Скопје на 14.09.2016.2 3 8 6 10 13 16

Прирачник за лидерки во локалната самоуправа

Priracnik_liderkipriracnik

Семинар Стоп за насилството над жените во политиката

Во рамките на проектот“Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” Македонското женско лоби  со финансиска поддршка на Амбасадата на Обединетото Кралство во  Македонија организираше еднодневен семинар ”Стоп за насилството над жените во политиката” на кој се  дебатираше за ненасилна комуникација кон жените во политиката. Семинарот се одржа на 27-ми мај во хотел Холидеј Ин. Во рамки на истиот во три панели се даде осврт на важноста на темата/ проблематиката , се презентираше Водичот за резолуцијата 1325 за жени , мир и безбедност отпечатен на три јазика , исто така се даде осврт на  5-те принципи за унапредување на меѓупартискиот дијалог помеѓу женските секции во партиите договорени помеѓу политичките партии на семинарот одржан во 2015 година во Струга. На последниот панел Како да се справиме со говорот на омраза, сексизам, потсмевање и дискриминација во медиумите, претставничките од политичките партии споделија лични искуства поврзани со сексизмот во политиката и во медиумите. Целта на семинарот беше отворено да се зборува за присутниот сексизам и говор на омраза врз жените политичарки. На семинарот присуствуваа 70 претставнички од 15 политички партии во земјата.hin1hin342016-05-27-88310 IMGP0807

Семинар Ревизија на Национален акциски план 2013-2015 и предизвици за во иднина

Во хотел Солун на 22 , 24 и 25 март 2016 год. се одржа семинар „Ревизија на Национален акциски план 2013-2015 и предизвици за во иднина“ со претставници од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Центарот за управување со кризи и претставници од локалните самоуправи односно координаторките за еднакви можности во локалните самоуправи Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Центар , Ѓорче Петров . Целта на семинарот беше да се запознаат учесниците со процесот на подготовка на НАП2013-2015 за Разолуцијата 1325 на Советот на ОН за жени, мир и безбедност како и да се запознаат со активностите на локално ниво во 10 општини во рамки на проектот ”Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба”. Предавачи во рамки на семинарот беа претставници од Министерството за труд и социјална политика кои ги запознаа присутните со институционалните резултати и предизвици по однос на еднаквите можности и унапредување на родовата рамноправност. Присутен беше и военото аташе во Британската амбасада во Скопје, г. Ричард Пери кој укажа на важноста од вакви проекти и од натамошно регионално делување за вклучување на жените во зачувување на мирот  и безбедноста.  1 perryaferdadrita2elena grozdanovapoliciaj 2straso2

Проект “Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба “

Македонското женско лоби финансиски подржано од Амбасадата на Обединетото Кралство во  Македонија спроведува проект “Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” кој има за цел да придонесе за развивање на свесноста  за заложбите на НАТО алијансата кон регионалнатата безбедност, градење на мирот и довербата при имплементирање на резолуцијата на ОН 1325. Овој проект има за цел да делува на три нивоа:

-Соработка со Mинистерството за одбрана на Република Македонија во изготвување на стратешки документ за имплементација наRрезолуцијата 1325 од ОН;

-Развивање на свесноста за важноста на Rезолуцијата 1325 во рамки на локалната самоуправа во 10  општини.

Локалната самоуправа има клучна улога во развивање на свесноста кај граѓаните по однос на прашањата од родовите , а во овој случај со запознавање со Резолуцијата за мир и  безбедност. Работилници за локална имплеменмтација на Резолуцијата ќе се одат во општините : Битола, Штип, Карпош, Чешиново-Облешево, Дебар, Тетово, Теарце, Маврово-Ростуше, Струмица, Велес.

-Организирање на јавна расправа во Собранието на Република Македонија за спроведувањето на резолуцијата 1325 како и за идните предизвици во понатамошното имплементирање.

 

Усвоена иницијативата од 40% квота во Изборниот законик

Квотота од 40% во Изборниот законик помина на седница бр.75 на Собрание на РМ 09/11/2015
Член 21
Во член 64 ставот (5) се менува и гласи:
„(5) Во поднесената листа на кандидати за пратеници од ставот (2) на овој член и за членови на совет на општината и градот Скопје од ставот (3) на овој член, најмалку 40% од кандидатите му припаѓаат на помалку застапениот пол, и тоа: на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол и дополнително уште најмалку по едно место на секои десет места.

Жените се сé порамноправни во политиката „Има сила во бројките“-интервју на Даниела Димитриевска за Гласот на Америка

Жените се сé порамноправни во политиката „Има сила во бројките“,тврдат застапничките за рамноправна застапеност на жените на изборните листи, кои сепак, тврдат дека квотите треба да се разберат само како привремена мерка, а не како конечно решение.

„Зошто 40%? Оптималниот процент за застапеност на жените во политичкиот живот, за кој се застапувале и кој го легитимизирале низа меѓународни форуми е 40%, бидејќи е неопходна критична маса од 40%, ако сакаме жените да имаат ‘видливо влијание на стилот и содржината на политиките. Учејќи од искуствата, истражувачите покажале дека постои позитивен сооднос меѓу можноста на жените да носат легислатива во полза на родово-чувствителни политики и бројот на жени во парламентот и во советите на локалната власт. Овој број на избрани жени ќе постави нови прашања и ќе воведе нови услуги, согласно животниот стил и родовите разлики. Како што се вели, има сила во бројките!“, изјави за Гласот на Америка на македонски јазик Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби – МЖЛ.

По повод ново предложеното законско решение со кое се предвидува 40 проценти од кандидатите на партиските листи за пратеници да бидат жени, што е за десет проценти повисока задолжителна квота за застапеност на жените во политиката, од досегашното решение, Димитровска ни изјави дека „родовите квоти се мерка за еднакви можности, која има за цел на жените да им осигури вклучување во изборната политика, со тоа што ќе препорача, ќе додели мандат и/или ќе им резервира определен број места или процент од местата на кандидатските листи или во парламентот“.

Според Димитриевска, „општо земено, квотите стратегиски целат да им стават крај на бариерите со кои жените традиционално се соочуваат кога се обидуваат да учествуваат и да пристапат до сферите во кои се донесуваат одлуки. Тргнувајќи од сознанието за значителната нерамнотежа меѓу политичкото претставување на мажите и на жените, квотите се обидуваат да ги намалат овие нерамномерности, со тоа што ќе го израмнат теренот. Квотите го гарантираат присуството на жените во сферата на политиката со тоа што за нив резервираат места и на тој начин востановуваат минимално ниво на учество. Сепак, квотите треба да се разберат како привремена мерка, а не како конечно решение за ниското политичко учество на жените“.

Прашањето за квотите во Република Македонија за првпат, на почетокот од 2000 година, го постави женското движење, организирано токму преку Македонското женско лоби, а како реакција на малото присуство на жени во Собранието.

„Прашањето беше поставено и врз основа на препораките на конвенциите и декларациите потпишани од Република Македонија. По кампањата организирана од МЖЛ, во 2002 година, за првпат беше воведена квота од 30% -учество на кандидатки на изборните листи. Оваа интервенција поттикна зголемено учество на жените, но далеку под зацртаната квота од 30%. Во 2005 година, МЖЛ лобираше за квота која ќе обезбеди поправеден распоред на кандидатките на горната и долната половина на листата, а резултат беше учество на жените од 20%. Дури во 2006-тата, беше промовирана квота која оствари учество на жените од 30%… Денес се бориме за квоти од 40% кои ќе не водат кон паритет и еднакво присуство на кандидирани и избрани мажи и жени“, ни изјави Димитриевска.

Во контекст на потребата на македонското општество „за споделување и развој на севкупните демократски стандарди на толеранција“, новиот предлог веднаш го поддржаа малите партии, Либерално-демократската партија, Демократската обнова на Македонија и Демократскиот сојуз, кој побара и рамномерен родов баланс во македонската политика.

Според Димитриевска и досегашните искуства покажуваат дека квотата од 30%, правилно распоредена – помеѓу секое трето место, едно да биде за помалку застапениот пол – функционирало и дало резултат и во Собранието и во лакалната самоуправа.

„Државната изборна комисија има одредба со која, ако овие услови не се испочитувани, да не ја прифати листата што ќе резултира со неучество на изборите. Од друга страна, постои и заштита на избраните жени, со тоа што доколку една избрана жена го отстапи местото, само друга жена, т.е. следната жена од листата, може да го заземе местото. Иако во јавноста има голема полемика за тоа што жените предложиле, и кои биле законските измени, нашите сознанија посочуваат дека поголем број закони од интерес на жените и мажите, биле донесени откако постои квотата, отколку пред неа“., вели Димитриевска.

Таа истакнува дека уште поголеми резултати се постигнати во локалната самоуправа, „каде се воведени политики на локално ниво, а предвидуваат услуги со кои се олеснува животот на жените“.

Покрај родовата еднаквост, Димитриевска потенцира и дека доколку избраните и парламентарци и советници, не се стриктно врзани со партиските линии и одлуки, тие можат во голема мера да дадат поголем придонес кон граѓаните.

 12039241_803643359746518_3720826109890977061_n

 http://mk.voanews.com/content/article/3004395.html