Order Cheap Prednisolone Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Kamagra Online
Order Cheap Viagra Super Active Online
Buy Cheap Clomid Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
cheap viagra cialis levitra
how can i buy viagra in ireland
can you buy prednisone over the counter in greece
buy cheap cialis online
buy levitra usa
best cheap viagra uk
prednisone buy canada
buy viagra cialis levitra online uk
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Cialis Professional Online
Buy Cheap Kamagra Online

Дејствувај и влијај ефективно врз семејното насилство

Проекти во партнерство со Националниот Совет за родова рамноправност  на РМ: “Дејствувај и влијај ефективно врз семејното насилство”-во 2009 година

Цели на проектот: подобрување на ефективноста на механизмите за борба против семејното насилство и воспоставување на модел на соработка помеѓу релевантни локални субјекти. [Read more...]

Стоп на насилството вклучувајќи го и насилството врз младите

Име на проектот :

“Стоп на насилството вклучувајќи го и насилството врз младите”

Период на спроведување: јуни-декември 2011

Цели:

Општа цел

Формирање на координативен систем на помеѓу институцијална соработка за препознавање, реагирање и решавање на проблемите на насилството, вклучувајќи го семејното насилство кај младите и жените. [Read more...]

Јавни слушања

Тема 1: “До каде сме во борба против семејното насилство”

Датум 19.09.2008

Место на одржување : Собрание на РМ

Организатори : Македонско женско лоби

Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ

ООН

Тема 2: “Европски практики и програми за превенција од семејното насилство”

Датум : 22.10.2008

Место : Собрание на РМ

Организатори : Македонско женско лоби

Комисија за еднакви можности на мажите и жените при Собрание на РМ

ООН

[Read more...]

Цел: Донесување на Декларација за семејно насилство

Основа – Претставници на Македонското женско лоби заедно со Комисијата за родова еднаквост во Парламентот на Република Македонија по серија на заеднички состаноци предложија Декларација за борба против насилството врз жените која вклучуваше посебен дел со посебен осврт на борбата против семејното насилство врз жените која подоцна беше доставена и предложена до Парламентот и едногласно усвоена од страна на Парламентот на РМ. [Read more...]

Амандман за семејно насилство

Амандман за поддршка на програмите за семејно насилство од кој 2% се издвојуваат  од игрите за среќа и одат во посебен фонд за борба против семејно насилство. Амандманот беше усвоен од страна на Собранието на РМ на 24.04.2007 год.

Амандман

Амандман за поддршка на програмите за семејно насилство од кој 2% се издвојуваат  од игрите за среќа и одат во посебен фонд за борба против семејно насилство. Амандманот беше усвоен од страна на Собранието на РМ на 24.04.2007 год.

16 дена борба против семејното насилство

Кампања:  16 дена борба против семејното насилство

Период на спроведување ноември 2008 година

Одржани се 16 трибини во 16 различни општини на територијата на РМ во рамките на “16 дена борба против семејното насилство “кој се одбележува во светски рамки. [Read more...]

Жените градат безбедност

Работилница на тема: “Жените градат безбедност” базирана на презентација на книгата “Жените во несигурниот свет”
Место на одржување : Скопје, Собрание на РМ
датум: 27-28 март 2007

Целта на работилницата е да се потврди улогата која жените ја имаат во градењето на безбедноста, посебно како парламентарки, како членки на безбедносните сили, и како членки на граѓанското општество. Зголемувањето на учеството на жените во политиката, вклучувањето на жените во зачувувањето на мирот и конфронтацијата на семејното насилство ќе бидат клучни теми на оваа конференција.

Теми на работилицата:
Сесија1 : Зголемување на политичкото учество на жените –сегашни предизвици и патот напред со посебен осврт на;
-зголемување на учеството на жените гласачи
-зголемување на учеството на жените во политиката

Сесија 2 : Семејно насилство

Сесија 3 : Учеството на жените во мировните операции

Резултат од работилницата:
Како резултат на дискусијата од работилицата се покрена иницијатива за нов амандман, односно амадман за поддршка на програмите за семејно насилство од кој 2% се издвојуваат од игрите за среќа и одат во посебен фонд за борба против семејно насилство. Амандманот беше усвоен од страна на Собранието на РМ на 24.04.2007 год.

Донатор: Центар за демократска контрола на вооружени сили-Женева (ДЕЦАФ)

ЗА КНИГАТА

Јавна презентација на книгата “Жените во несигурен свет” (27.03.2007)
Модератор: г-дин.Владимир Ѓорчев, претседател на Комисијата за одбрана во Собранието на РМ

Говорници:
- г-дин. Љубиша Георгиевски , претседател на Собранието на Република Македонија
- Негова екселенција г-дин.Томас Фуглистер, амбасадор на Швајцарија во РМ
- г-ѓа. Даниела Димитриевска, извршна директорка на Канцеларијата на МЖЛ

“Жените во несигурен свет” дава увид во обемот и магнитудата на насилството кое жените го имаат искусено врз себе, во секојдневниот живот и за време на и по вооружениот конфликт и ги потенцира клучните улоги кои жените ги имаат во градењето на мирот и безбедноста. Резимето од книгата е преведено на македонски и албански јазик.

Активности поврзани со воената криза во земјата, март 2001

За време на воената криза во 2001 МЖЛ како мултиетничка и мултикултурна мрежа, беше целосно посветена на градењето на мировните активности како што се следниве:

• март 2001: Апел до Меѓународната заедница за поддршка на интегритетот и суверенитетот на земјата

• март-мај 2001: Илјада дијалози (серија на состаноци со отворени дискиусии на жешките воени прашања)

• јули 2001 Тркалезна маса : Дали сме подготвени за граѓанско општество (повеќе од 70 учесници , времетрање 5 часа)

• август 2001 ; Јавно обраќање за поддршка на процесот и активностите кои што водат кон мирот и интраетничката толеранција , по потпишувањето на Рамковниот договор

• септември 2001 ; мировен протест со транспаренти на главниот плоштад во Скопје , во соработка со ‘Жените во црно’.

Развој на женското претприемништво

Економското јакнење на жените е во голема мерка поврзано со степенот на еманципација на жената и во голема мерка влијае врз другите појави како редуцирање на семејното насиство, учеството на жените во политичкиот и јавниот живот, здравјето.

Оваа е широка тема која опфаќа голем број активности како што е намалување на невработеноста и подобрување на условите на работното место и други социјални моменти со посебна специфика кај жените.

Во рамките на семинарот беа презентирани основните елементи и принципи за почеток на сопствен бизнис, можностите за пристап до кредити ,концептот за градење на односи со клиенти и маркетинг стратегии. Семинарот беше од голема помош за оние кои имаа идеја за сопствен бизнис и оние кои веќе имаат сопствен бизнис да го развиваат и да најдат начин да поминат од една фаза во друга понапредна фаза.

Како резултат на оваа активност 5 жени отворија сопствен бизнис и тоа : работилница за колачи, стоматолошка ординација, салон за мебел, продавница за здрава храна.

Период на одржување: од 23 до 26.03.2007 во две фази
1.Работилница за почетници
2.Работилница за жени претприемачи во напредна фаза Предавачи:
1. Г-ѓа . Деборах Минор Харвеѕ -САД
2. претставници од Министерството за економија г-ѓа Ленка Угриновска
3. претставници од банкарскиот сектор г-ѓа Елеонора Зјогњанин од УНПРФ

Учесници: 150

Донатор: Амбасада на САД во Скопје, РМ