Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Конференција на тема “Демократија и родовата еднаквост”

Конференцијата имаше за цел да ги отвори прашањата поврзани со родовата рамноправност, како дел од современото демократско општество, имајќи ги предвид пречките и предизвиците со кои се соочуваат жените во остварувањето на еднаквите можности, со акцент на учеството на жените во политичките процеси и структурите на одлучување.
Настанот се организираше по повод 15-ти Септември, Меѓународниот ден на Демократијата.

Конференцијата се реализираше со поддршка на Обединетите нации, Националниот демократски институт, Фондација Конрад Аденауер, Фондација Фридрих Еберт, а во соработка со Клубот на жени пратенички и Женската Граѓанска Иницијатива Антико.

На конференцијата присуствуваа претставници на академската јавност, Владата, Собранието, граѓанскиот сектор и меѓународните институции.

Јас имам право да бидам заштитена

Проект во партнерство со Националниот Совет за родова рамноправност на РМ

 

Цел на проектот :  подобрување на квалитетот на правната помош и услугите на жртвите на семејно насилство

Очекувани резултати –подобрен пристап до праваната помош и услугите од страна на жртвите

Улогата на Македонското Женско Лоби  одговорно за евалуација на процесот за воспоставување на Локално координативно тело и промовирање на правната помош во пилот-општините

Дејствувај и влијај ефективно против семејното насилство 2

Проект во партнерство со Националниот Совет за родова рамноправност на РМ во 2010 година

Цел на проектот –зајакнување на локалните механизми за борба против семејното насилство преку интервенции и активности фокусирани на заедницата со превентивни алатки

Очекувани резултати – да се воспостави локално координативно тело во пилот-општината Кривогаштани

  • зајакнување на капацитетите за ефективно и унифицирано функционирање на локалното кординативно тело
  • зголемена свест на граѓаните на локално ниво з апостоење на проблемот

Улога на Македонското женско лоби во проектот: вклученост во процесот на лобирање за воспоставување на локално координативно тело во работната програма на општината како и за годишен буџет на ЛКТ

Подигнување на свеста на жените за превентивни гинеколошки и мамографски прегледи

Цели :

  • Зголемување на свеста за раната превенција и спречување на малигните болести кај жените
  • Да се подигне свесноста кај жените за редовни гинеколошки и мамографски прегледи
  • Да се подигне свесноста кај сите жени за избор на свој матичен гинеколог
  • Да се информираат жените за Програмите на Министерството за здравство

[Read more...]

Јакнење на свесноста за родовата еднаквост и вклучување во процесите при градење на политиките

Име на проектот : “Јакнење на свесноста за родовата еднаквост и вклучување во процесите при градење на политиките”

Период на спроведување : февруари 2011-февруари 2012 [Read more...]

Поддршка на кампањата “50/50 Нема модерна европска демократија без родова еднаквост” на Европското женско лоби

Период на спроведување април-јуни 2009

Европската кампања има за цел да го зголеми присуството на жените на највисокото ниво во европската политика и да ги охрабри жените и гласачите  да го дадат својот глас на европските избори.

“Не си играј со иднината” 2009

Период на спроведување : април – јуни 2009

Цели на проектот:
- подигнување на свеста на граѓаните, на гласачкото тело за важноста од нивната вклученост за спроведување на демократски избори;
- посебен акцент на информирање на сите гласачи за своето право да го дадат својот глас самостојно и да се елиминира можноста за злоупотреба на гласот .
- апелирање за престанок на семејното гласање кое во одедени средини е голем проблем.

Целна група :
-гласачко тело во мултиетнички и маргинализирани средини и групи ; жени гласачи, претставници од НВО сектор; политички партии.

Активности :
Одржување на 18 работилници за промоција на Кодексот за слободни и фер избори, важноста за универзалниот демократски принцип еден гласач -еден глас

Донатор : Национален демократски институт-НДИ

Медиумска кампања ‘’Можеме и мораме – фер избори 2008”

Проект : Медиа кампања ‘’Можеме и мораме-фер избори 2008”

Период на спроведување: мај-јуни 2008

Имплементатори : Македонско женско лоби во соработка со Национален демократски институт (НДИ) и граѓанска асоцијација “ Мост”

Цел:  Промовирање на Кодексот за слободни и фер избори со цел поголема свесност за почитување на принципот ‘’еден човек-еден глас” [Read more...]

„Можеме и мораме“ – Фер избори 2008

Проект: “Можеме и мораме-фер избори 2008

Период на спроведување : мај-јуни 2008

Цел : да се подигне свеста на јавноста и политичките партии за почитување на Кодексот за слободни и фер избори2008

-да се едуцираат жените од руралните средини за нивното право на глас самостојно да одлучуваат и да се подигне свесноста околу проблемот со семејното гласање во тие средини [Read more...]

Претставување на родовите програми на жените кандидати

Наслов на проектот: Претставување на родовите програми на жените кандидати

Главната цел (и) беше да се подигне нивото на комуникација помеѓу гласачите и жените кандидати на листите, да им даде можност на жените кандидати од различни политички партии, кои беа ставени на листата за да ги пренесат своите пораки до гласачите во врска со родовите прашања, како и да им даде можност на гласачите да отворите форуми за дискусија и да се промовира граѓанското учество во креирањето на политиката во однос на полот. Родовите програми на политичките партии, како и личните обврски на жените кандидати за пратеник за прв пат биле ставени на дневен ред во споредба со претходните проекти за изборите одржани во 2006, 2008 и 2009 година, која промовира Кодексот на однесување за слободни и фер избори . [Read more...]