Усвоена иницијативата од 40% квота во Изборниот законик

This post is also available in: English

Квотота од 40% во Изборниот законик помина на седница бр.75 на Собрание на РМ 09/11/2015
Член 21
Во член 64 ставот (5) се менува и гласи:
„(5) Во поднесената листа на кандидати за пратеници од ставот (2) на овој член и за членови на совет на општината и градот Скопје од ставот (3) на овој член, најмалку 40% од кандидатите му припаѓаат на помалку застапениот пол, и тоа: на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол и дополнително уште најмалку по едно место на секои десет места.