Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Професионалец или продукциска компанија за изработка на играни видео приказни

Професионалец или продукциска компанија за изработка на играни видео приказни
Период: 5 јуни 2015– 22 јуни 2015

1. Проект:
Ние сме идни лидерки и агентки на промена во нашите заедници
“We are the future leaders and agents of change in our communities”

2. Цел на ангажманот: Универзитетот Евро-Балкан, Скопје треба да ангажира видео продукциска куќа или професионалец кој се занимава со снимање и изработка на видео материјали за потребите на проектот Ние сме идни лидерки и агентки на промена во нашите заедници, кој се спроведува во партнерство со Македонско женско лоби и со поддршка од UN Women.
Видео материјалот ќе се користи за промоција на резултатите од овој проект и ќе биде објавен на веб страната на проектот, на веб страната на Евро-Балкан и на Македонско женско лоби, на партнерите на проектот, на социјалните межи и ќе биде прикажуван на различни настани, конференции и сл.

3. Главни задачи:
• Во тесна соработка со Евро-Балкан да се развие сценарио на снимање. Изборот на локации, активности и ликови ќе биде водено од Евро-Балкан.
• Снимање со професионална опрема на локации надвор од Скопје
• Монтажа на материјалот, снимање на тон за нарација, титлување на албански и англиски.
• Да се понуди соодветна музика со право на користење
• Секоја приказна треба да трае помеѓу 1-5 минути, во зависност од потребите и од конкретното сценарио
• Да се следат насоките на Евро-Балкан за лого и шпица
• Сите произведени материјали и ексклузивните права врз овие материјали ќе бидат во сопственост на Евро-Балкан

4. Документација која треба да се достави:
• CV и портфолио, т.е референтна листа на изработка на слични видео продукти да се достават најдоцна до 5 јуни, 2015 година
• Финансиска понуда која ќе содржи:
- Цена на снимање по ден, за опрема и персонал
- Цена на монтажа по час/ден (аудио и видео)
- Фиксна цена за изработка на финален продукт – видео приказна во времетраење од 2 минути, со вклучена музика, титли, нарација итн. Цената треба да се заснова врз снимање на терен 1-2 дена и припреми за снимањето.

4. Критериуми за селекција:

Понудите ќе се оценуваат според техничкиот квалитет и понудената цена

Критериуми за оценка Бодови
1. Квалитет на техничката понуда и цена 60
2. Искуство и квалификации 20
3. Референци за слични проекти 20
Вкупно бодови 100

Документите може да се поднесат лично или на е-пошта на: contact@euba.edu.mk, најдоцна до 5 јуни.

За дополнителни информации, www.euba.edu.mk, www.inspiriraj.mk или на телефон (02) 3075570 (лок. 115). Лице за контакт м-р Игор Панев.

Барање за понуди за ХИС (2)