Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Проект “Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба “

This post is also available in: English

Македонското женско лоби финансиски подржано од Амбасадата на Обединетото Кралство во  Македонија спроведува проект “Зајакнување на жените и девојчињата за зачувување на мирот и градење доверба” кој има за цел да придонесе за развивање на свесноста  за заложбите на НАТО алијансата кон регионалнатата безбедност, градење на мирот и довербата при имплементирање на резолуцијата на ОН 1325. Овој проект има за цел да делува на три нивоа:

-Соработка со Mинистерството за одбрана на Република Македонија во изготвување на стратешки документ за имплементација наRрезолуцијата 1325 од ОН;

-Развивање на свесноста за важноста на Rезолуцијата 1325 во рамки на локалната самоуправа во 10  општини.

Локалната самоуправа има клучна улога во развивање на свесноста кај граѓаните по однос на прашањата од родовите , а во овој случај со запознавање со Резолуцијата за мир и  безбедност. Работилници за локална имплеменмтација на Резолуцијата ќе се одат во општините : Битола, Штип, Карпош, Чешиново-Облешево, Дебар, Тетово, Теарце, Маврово-Ростуше, Струмица, Велес.

-Организирање на јавна расправа во Собранието на Република Македонија за спроведувањето на резолуцијата 1325 како и за идните предизвици во понатамошното имплементирање.