Поддршка на Кампањата на Европското женско лоби против насилството врз жената и семејното насилство

This post is also available in: English

Настанот  се одржа на 04.12.2013 со почеток во 11,00 часот во хотел Бест Вестерн и на него се даде осврт на проблемот на насилството врз жените, семејното насилство и останати форми на родово базирано насилство, како и на предизвиците во процесот на ратификација на Истанбулската конвенција.

Настанот е дел од  16-те дена активизам против насилството врз жените и семејното насилство (25 ноември-10 декември) во чии рамки Европското женско лоби во соработка со Обсерваторијата за насилство врз жените и со поддршка на Советот на Европа и Министерството за надворешни работи на Финска го спроведува проектот Дејствувај против силувањето! Искористи ја Истанбулската конвенција! во 33 земји во Европа преку националните организации членки на мрежата на ЕЖЛ.

Целта е да се промовира потпишувањето, ратификацијата и имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за борба против насилството врз жените и семејното насилство (Истанбулска конвенција) и истовремено да с е промовира најновиот Барометар за силување 2013 во кој се дадени националните анализи за состојбите со овој феномен во 28 земји -членки на ЕУ, како и во земјите кандидатки.

agenda MWL makFinalIMGP0178IMGP0185IMGP0185

IMGP0165

IMGP0170Barometar prevod

inforamcii za pecat