Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Лобирачки активности за издвојување средства од Игрите за среќа и забавните игри во посебе дел/фонд за борба против семејното насилство

Средствата од посебната давачка од став 1 на овој член во висина на 40% се издвојуваат во посебен фонд за изградба и одржување на спортски објекти во сопственост на РМ, а 10 % за посебен фонд за борба против семејното насиство Амандманот Во членот 3, со кој се менува членот 79-а, ставот 2 се менува и гласи:
“Средствата од посебната давачка од став 1 на овој член во висина на 40% се издвојуваат во посебен фонд за изградба и одржување на спортски објекти во сопственост на Република Македонија, а 10 % за посебен фонд за борба против семејното насиство.”

Со прифаќање на аманданот кој е потпишан од повеке од 35 пратеници ќе се овозможи целисходно превземање на мерки против семејното насилство како и ресоцијализација и рехабилитација на жртвите од семејното насилство.

писмо до претседателот на Собранието г.Љ.Георгиевски
Со оглед на тоа дека на дневен ред во Собранието на Република Македонија е поставен Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и забавните игри и со оглед дека на конференцијата “Жените градат безбедност” одржана во Собранието на Р.Македонија беше предложена идеја која има за цел преземање мерки за спречување и намалување на семејното насилство која потоа беше преточена во амандман бр. 1074/4 од страна група пратеници, а на иницијатива на Клубот на жени пратенички.

Македонското женско лоби во оваа прилика сака да Ве потсети на заложбата на Собранието на Р.Македонија кон оваа проблематика со усвојување на Декларацијата против насилството врз жените вклучувајќи го и семејното насиство донесена на 24 ноември 2006 год. каде во 3.9 Собранието се залага и за обезбедување на неопходни буџетски средства за спроведување активности во борба против насилството врз жените вклучувајќи го и семејното насиство.