Carryhealthy.comPharmshop.bizPharmausabuyonline.comIvantagehealth.netBestpillelement.winPharmapillsdiscount.comLifestore24x7.comPharmashopbiz.com

Иницијатива за зголемување на бројот на жените на кандидатските листи

This post is also available in: English

Македонското женско лоби испрати писма до претседателите на политичките партии вклучени во работните групи за Изборниот законик како и до претседателките на женските секции во 4-те политички партии со цел давање поддршка на иницијативата за зголемување на квота од 30% на 40% застапеност на жените на сите нивоа.

 

 

Македонското женско лоби историски е тесно поврзано со лобирање за поголема застапеност на жените во сите нивоа на  одлучувачките структури.

На крајот на деведесеттите години во Република Македонија во јавноста се постави прашањето за квотите  како реакција , намалотоприсуствонажените во процесите на одлучување.

Актуелизирањето на прашањето за рамноправна застапеност на обата пола беше поткрепено со   препораките на CEDAW и Пекиншката платформа за акција , како и останатите документи и препораки потпишани и ратификувани од  РепубликаМакедонија.

Во 2002 годиназапрвпатбешевоведенаквотаод 30% учествона обата пола на кандидатските листи за избор  на пратеници.

Овааинтервенцијапоттикназголеменоучествонажените на изборните листи, но бројот на избрани пратенички беше далеку под зацртанатаквотаод 30%.

Поучени од искуството на Парламентарните избори во 2002 година каде квотата не ги даде очекуваните резултати, во 2004 година,  беше усвоено ново законско решение за учество на жените на кандидатските листи за избор на советници.  Со ова решение се обезбедипоправеденраспореднакандидаткитенагорната и долнатаполовинаналистата за избор на советници, а  резултатот беше 22.4% избрани советнички на Локалните избори во март 2005 година.

Во 2006 година изборното законодавство во однос на учеството на жените на кандидатските листи беше унапредено со донесувањето на Изборниот законик.  Се  внесе одредба со која се гарантира дека на листите за избор на пратеници и советници во општините и градот Скопје  на секои три места најмалку едно место му припаѓа на помалку застапениот пол.

Во изборниот законик не се предвидени  квоти за избор на градоначалнички. Како резултат на непостоење на правна обврска  и стереотипите за жените во политиката придонесоа на Локалните избори во 2009 година да не биде избрана ниту една градоначалничка, а на локалните избори 2013 со силни притисоци и кампања да бидат избрани само 4 градоначалнички а 77 градоначалници во вкупно 81 општина.

Во минатото беа забележани примери  избрани жени од листите за пратеници и советници да се повлекуваат во интерес на мажите кои се наоѓаат подолу на листата. За да се спречи ваквата состојба, во 2014 во Изборниот законик беше воведен заштитен механизам со кој во случај на повлекување на жена од листата на нејзино место доаѓа следната жена од кандидатската листа.

.

 

 

Овој историски контекст не повикува  да ги  повториме и реафирмираме вредностите за кои се залагаме.

Жените во Македонија се свесни дека без постоењето на квота немаше да ги има 30% во Советите и во Парламентот. Исто така се свесни дека голем број на закони, мерки и прашања кои се однесуваат на родовата еднаквост немаше  да се најдат на дневен ред во органите на одлучување, доколку таму немаше жени.

Заради тоа ги повикуваме учесниците во изготвувањето на новиот Изборен законик да ја земат предвид стратешката цел 2 -Подобрување на степенот на родова еднаквост во приоритетни тематски области, од Националниот план за родова еднаквост (2013-2016) и  предвидениот индикатор Зголемена квота од 40% на помалку застапениот пол на кандидатските листи во Изборниот законик.

 

Исто така повикуваме да се почитува и квотата која се однесува на бројот на жените во изборните органи како што се Државната изборна комисија и останатите изборни органи, како и сите извршни органи и именувани позиции на национално и локално ниво.